Моника успешно постои уште од 1978 години и се занимава со производство на секаков вид на производи од џинс, кепер, сомот. Поседуваме повеќе продавници во земјата каде што и ги изложуваме нашите производи но и ги пласираме и надвор од Македонија. Исто така работиме и лон за реномирани светски фирми. Произведуваме високо квалитетни производи со модерен дизајн.
Високо остварениот квалитет во работата на компанијата “Моника” го докажува и по тоа што веќе повеќе години компанијата работи со голем успех за високо реномирани светски фирми :JUST CAVALI, ROBERTO CAVALLI, DOLCE & GABANA, MOSCHINO, VERSACE, STAFF, DONA KARA (DNKY), FRANKY MORELLO, C’N’C, ICEBERG.Компанијата “Моника” со својот целосно автоматизиран машински парк е специјализирана за секаков вид џинс производ. Технологијата на производство, перење, сушење и секаков вид на обработка на џинсот се одвива по последни светски стандарди и со високо автоматизиран начин на изработка и обработка на џинсот.

